Оваа година темата на детската недела е - Јас избирам здравје, а ти?
Ова сме ние првачињата од ООУ Никола Карев и нашите активности. Учевме за храната како извор на нашето здравје, но треба да внимаваме која храна е здрава, а која не за нашето тело. Преку едукативни игри учевме и пронаогавме што треба да јадеме а што не. За доброто здравје потребна е и физичка активност... Вежбаме, се движиме, се смееме. Ја посетивме училишната библиотека и се уверивме колку дружбата со книгата не прави среќни и задоволни, а тоа е потребно за здравјето нели? Но, сепак најсртеќни сме кога се дружиме и играме, затоа цртавме на отворено, се радувавме, ги изразувавме нашите чувства и дишевме чист воздух.