27.09.2013 - петок
Есента е на прагот... Сонцето со последните сили се бори со есенските облаци. Време е за нашата есенска прошетка до блиската околина...
Но овој ден беше прекрасен , сонцето не галеше уште од утринските часови и не бодреше искачувајки се по угорнината, бидејки местото каде што требаше да стигнеме -месноста наречена Крст -беше на врвот од еден рид.
се искачуваме со смеа, разговор, помагање ...
И еве не на убавата ширинка на врвот од ридот...
Глетката беше прекрасна, чистиот воздух а и самото пешачење ни го отвори апетитот, па веднаш се распославме и уживавме во грицкањето и освежувањето...