Нова година- нови желби, нови надежи
Новогодишните празници се најочекуваните и најпосакуваните за сите луѓе, а посебно за децата. Тогаш се добиваат најубавите подароци - секако ако сме биле умни и послушни.
Но, она што ги обележа нашите новогодишни активности оваа година се новогодишните честитки.
Се запознавме со интерактивните новогодишни честитки кои ги правевме со нашата интерактивна табла (Interactive smart board). Тоа беше посебно доживување, бидејќи преку нив ја почувствувавме новогодишната магија и правевме волшебства со еден клик. За да го доживеете и вие и да се уверите - погледнете го видеото од овие активности преку кое ве водиме во нашата училница .
Со желба да што поубаво им ја честитаме Новата година на нашите родители, дедовци и баби или пријатели, направивме и честитки за нашите најмили со помош на колаж и лепило кои ги украсивме со 3D елки што сами ги изработивме. Уживавме во работата, работевме сложно и честитките беа најубавите честитки што ги нема во ниту една продавница.
Се надеваме дека ви се допадна и дека повторно ќе не посетите за да се дружите со нас ...
Новогодишните празници можат да започнат !!!
|