Првиот училишен ден како трето одделенци!!
02.09.2013
Денес зачекоривме по уште едно скалило во нашето образование наречено - трето одделение. Помина уште едно лето и уште еден распуст. Доволно за да се одмориме и да продолжиме онаму каде што застанавме на крајот од второто одделение. Денес ѕвончето го означи првиот час за оваа учебна 2013/14 год, се видовме сите и ги споделивме нашите импресии и доживувања од летните денови. Погледнете како помина нашиот прв училишен ден...
- Најпрвин ги поздравивме најмалите првачињата со мала програма на која учествувавме и ние!!!
Потоа со нетрпение влеговме во нашата училница, добивме нови книги и со голема желба ги разгледувавме и се запознавме со нивното користење.
Нашата радост на новите учебници!!
Драги мои третоодделенци!!!
Што ве очекува оваа учебна година?
Ќе се запознаеме со латинските букви од азбуката и печатните и ракописните, ке броиме дури до 100, ке собираме и одземаме со и без премин и уште многу нови нешта што ќе ги откриваме со секој нов учебен ден. Затоа, ви посакувам многу успех во совладувањето на наставниот материјал во трето одделение и многу радости и другарувања во училиштето.
СРЕЌНО!!! - вашата наставничка Соња Даниловска !!