Home
Sign Up
Log In
Wednesday
2024-04-24
11:43 AM
                      
Welcome Guest | RSS
наставник Соња Даниловска     

Site menu





Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0








 




































 Проект-Заедно во традициите и иднината 

 

   Во учебната 2012/13 год во училиштето се реализира проектот  

 

,, Заедно со традицијата во иднината ,, во соработка со училиштето
            Св.Кирил и Методиј од Кустендил Р.Бугарија.
 
       
    
 
     Целта на проектот е да создаде одржлива и плодна соработка со меѓуграничните партнери преку остварување на дејности за запознавање и анализирање на културните ресурси во регионот и вклучување на младите луѓе во регионалните традиции и достигнувања, да даваат свој допринос за подобрување на квалитетот на животот во родниот крај.

 

          Во проектот учествуваат три партнери

Водечки партнер е ОУ„Св.кирил и Методиј" од Ќустендил-Р.Бугарија.

 

  Втор партнер е ООУ„Никола Карев" од Пробиштип-Р.Македонија. Координатор на проектот од македонска страна е директорката на училиштето Голубина Алексова.

 

Како трет партнер  е  читалиштето „Братство 1869"- од Ќустендил -Р.Бугарија.. Господинот Иван Андонов ги реализира дејностите поврзани со врски со јавноста. 

   

 

          Целта на проектот ќе биде постигната преку правење на 12 клуба за работа со ученици, од кои 5 ќе бидат парални  во двете училишта, а 2 во читалиштето „Братство".

 

 

    Сегашниот проект создава многу добри услови за творечко докажување на младите луѓе и дава можност за вклучување на голем број ученици во дополнителните активности. Соработката меѓу наставниците и учениците од партнерските организации ќе има значаен придонес во зголемување на можностите за развој на личноста и зголемување на социјалните компетенции, создавање на вештини за активна комуникација, како и пријателства за цел живот.

 

 

          Се очекува концепцијата на проектот и неговите резултати да натераат и други училишта и организации да ги повторат активностите на проектот или да учествуваат во последователните активности на партнерите во проектот. Изграденото партнерство ќе продолжи да се развива и збогатува и по завршување на проектот. Меѓусебното изучување и распространување на традициите и нивниот развој, во иднина ќе дава придонес за зголемување на привлечноста на регионот за задржување на младите луѓе во него и негов развој како туристичка дестинација. 

 

 

          

 

 

 

         Со клубовите по етнографија ќе раководат Емилија Цветкова и Соња Даниловска, кои ќе изучуваат и осознаваат обреди и ритуали, ќе трагаат и собираат предмети, сврзани со културата во регионот. 

 

       

         

 

 

          Иновативен момент во проектот е создавањето на „Виртуелна училница" со по една паралелка од  бугарска и македонска сртана. Во двете училишта со модерни средства и технологии ќе бидат одржани активности со ученици од еден и ист клуб, по едно и исто време, со една и иста студија на случај.

 

          Предвидено е и реализирање на два „ Заеднички часа" во кои и двете бугарско-македонски групи од идентични клубови ќе учествуваат во заеднички активности.

 

          

 На работна посета кај колегите во Кустендил -Бугарија -декември 2012

           

 

Видео снимка од виртуелната училница - час подготвен за празникот Бадник

од членовите на клубот за Етнографија 

раководител на клубот -Соња даниловска

март 2013

Погледнете и уживајте во она што го подготвивме...


 
  
 

  


Log In



  Автор и 
 администратор
 Соња Даниловска
  одд.наставник






Лиценцирано од 

Creative Commons License
This work is licensed under a 


Shopping cart





Search






Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930













Site friends
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites












































  • Copyright MyCorp © 2024
    uCoz