Мама !! Мојата мама има срце само за мене и со него ми ја подарува сета љубов на светот !!
- (ова е одговорот на секое детенце кога ќе го прашаат за мајката).
Затоа решивме на мама од срце да и подариме едно убаво срце , направено од нашите рачиња, но со љубов и трпение. Со него ќе и го честитаме празникот 8ми март и ќе и посакаме да ни биде жива и здрава и да продолжи да не грее со својата насмевка и љубов засекогаш.
Најпрвин ги направивме срценцата од украсна хартија -колаж
Потоа ги украсивме ...
И, еве... Прекрасни се !
Едвај чекаме да ги подариме на мама и силно да ја гушнеме...
На сите мајки, баби, стрини, тетки, вујни и пријателки им го честитаме празникот на жените и им посакуваме се најдобро !!!
наставник Соња Даниловска - март 2014
|