На оваа страна ќе ве запознаеме со нашите приредби и јавни настапи во училиштето или градот
Нашето училиште го носи името на револуционерот Никола Карев. Овој храбар борец го загубил својот живот на 27-ми април и по тој повод овој ден го славиме како ден на нашето училиште, односно како патронен празник. Оваа година училиштето славеше својот 27 роденден и по тој повод се одржа свечена академија во кино салата, на која посетителите можеа да ја почувставуваат работата на училиштето а вооедно да уживаат во богатата културно-уметничка програма.
Горди сме што и ние бевме дел од оваа свеченост и иако најмали сепак покажавме дека сме доволно храбри на сцената. Се претставивме со македонската преубава песна -македонско девојче и ги собравме симпатиите и аплаузот на публиката.
По повод најголемиот христијански празник Велигден, одделението ја јавни дејности при нашата општина ја реализираше манифестацијата Велигденски хепенинг на градскиот плоштад со хуманитарна продажба на велигденски јајца, а собраните средства беа донирани за нашето училиште. Од оваа манифестација бевме дел и ние најмалите првачиња со нашиот настап.
Настап пред родителите на една од родителските средби
наставник Соња Даниловска
за сите останати случувања поврзани со нас, погледнете на одделните страни од содржината на сајтот