Активности по повод одбележувањето на детската
недела во нашето училиште!!
Цртање на асфалт на тема- Детскиот шарен свет!!
Учениците цртаа со боички (кредички) на училишното
спортско игралиште, каде преку цртеж ги искажаа
своите желби и пораки кон сите деца. Зедоа учество
сите деца и едноставно уживаа во креирањето на своите
прекрасни цртежи, од кои игралиштето заличе на
вистински - Детски шарен свет!!
Работилница на тема:
Бидејки сум дете имам право на...
-Учениците се запознаа со правата на децата, а потоа на големо пано секое дете го остави отпечатокот на своето раче!!! Први оставија свој цртеж директорката и педагогот на училиштето, а потоа дечињата со голема радост сликаа со своите детски рачиња. Резултатот беше-прекрасна единствена слика каква што не може ни сликарот да наслика, а најголемиот резултат беше насмеаните лица и радоста на дечињата!!!
Нашите првачиња станаа членови на
Детската организација на Македонија
-Учениците дадоа свечено ветување и по тој повод добија беџови и детски пасоши
Децата се најголемото богатство!!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот