Наставна содржина - Во Библиотека...
Книгата е најголемото богатство...
Во секоја книга се кријат безброј тајни и волшебства, на крилјата на книгата можеме да заминеме на секоја страна на светот...
Да читаш книга, тоа е храна за умот...Книгата е најдобриот другар на човекот...
Денес учевме за библиотеката како место каде што се наоѓаат сите книги и место од каде што можеш да ја позајмиш секоја книга што сакаш да ја читаш...
Ние сме првачиња и се уште не знаеме да читаме, но кога ќе научиме веднаш ќе побрзаме да се дружиме со книгата и да ги одгатнеме нивните тајни...