Детска недела - октомври 2012
По повод неделата посветена на децата во нашето училиште се одигра театарската претстава
-Разгалената принцеза
Ете, видовме дека и принцезите можат да бидат непослушни и разгалени. Но, сигурно мислите дека принцезите живеат само во бајките?? Знаете што дечиња?? За да бидеш принцеза или принц, не мораш да живееш во кралски дворец и да имаш прекрасна облека и слуги. Сите вие сте принцезички и принцови на вашите најмили, на вашите мама и тато, баба и дедо и сте најсакани на светот!
Но, сепак најдобро е да бидете само весели, безгрижни дечиња!!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на менито на сајтот