За денот 8-ми МАРТ - празникот на мама
СТИХОВИ ЗА МАМА
Едно цвеќенце -од убаво, поубаво
што го набрав сама
-За кого?
-За мама!!!
Еве и една насмевка- ми расцвета сама!
-За кого?? - За мама!!!!
И бакнежот топол ке го дарам сама!!
- За кого? - За мама!!!
Нашите цртежи за мама
Еве како ние првачињата направивме убави цртежи за мама. На нив имаме прекрасни подароци за мама -кои сакаме да и ги подариме, но бидејки таа многу не сака ке и се допаднат вака нацртани и избоени од нашето раче!
А оваа е нашата омилена стихотворбичка што ке и ја кажеме на мама кога ке и го честитаме празникот!!!
Очите на мама !!
Две изворчиња, две поточиња,
две птички, две синолички,
и две сонца од кои добрина се точи-
тоа се драгите мамини очи!!!
Цвеќе за мама !!!
А во нашата училница има најубави цвеќиња за нашите мајки!!
Ој ти птицо препелницо,
песна што те гласи,
летни мила преку гори
достасај со зелени двори
таму цвеќе, смеа роси...
Закити ми бујни коси!
-Денес мамин празник славам
од песни буќети и правам!!!
Нашите честитки за мајките
по повод нивниот најубав празник
8-ми МАРТ
Од детска рака направено
-за мама подарено!!
- Ги направивме со љубов и голема стрпливост го избоивме секое цвеќенце на честитката. Со овие честитки на нашите мајки ќе им посакаме многу љубов, здравје и среќа, а и да продолжат да не сакаат највеќе на свет!!!!!
Срекен празник на сите мајки
-жени во светот!!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот
|