Во моето работно искуство како наставник имам посетувано многу обуки а потоа и како обучувач вршев дисеминации во училиштето, а имам и учествувано во многу проекти.
Овде ке видите само дел од нив
јануари 2013
Сертификат за помината обука за користење на интерактивната табла Interactive Smart Board
Октомври 2012
Она на што сум посебно горда како наставник во врска со мојот професионален развој е изборот за најуспешен наставник во училиштето. По повод светскиот ден на учителот 5-ти октомври, градоначалникот и одделението за јавни дејности од нашата општина организираа конкурс за избор на надобри наставници од секое училиште.
Од нашето училиште ООУ-Никола Карев-Пробиштип за најдобри наставници беа избрани јас -Соња Даниловскаодд.наставник -од одделенска настава и мојот колега Коцев Гоче наставник по предметот математика-од предметна настава.
По тој повод градоначалникот ни додели благодарници за посебен придонес на образованието во општината.
Моето учество на Microsoft филмски фестивал за користење на Microsoft алатките за унапредување на наставата. Фестивалот се одржа во април 2012 и зедоа учество наставници од многу училишта низ државата после поминатата обука. Учествувавме со снимени видеа од часови со примена на овие алатки.
Новогодишен сертификат
Обука за наставници обучувачи за користење на едукативниот софтвер G-Compris на која за наставник обучувач бев избрана јас. Обуката се одржа во Штип од страна на мастер обучувачите Ванчо Петрушевски и Лазо Кукушов. Беа присутни наставници од повеќе училишта.
Дисеминација на обуката за едукативниот софтвер G-Compris во наставата во ООУ-Никола Карев-Пробиштип.
Обучувач -наставник Соња Даниловска
Сертификат за учество на работилницата -Потребата од енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија како дел од проектот / Енергетските ресурси -виза за зелена иднина
Сертификација за примена на современи методи
и приоди во наставата по математика и
запознавање на околината во одделенска настава
Останати поминати обуки
Обука за Родово сензитивно образование
Берово- Манастир- јуни 2008
Основи на демократијата 2001/2003
Стекнување вештини за користење на информатичката
технологија во наставата (windows, word, exel, p.point)
2006
Користење на ИКТ во наставата 2007
Англиски јазик 2008
Промената на улогата на наставникот
со примена на стратегиите за учење 2008
И уште многу обуки за наставните програми како и за оценувањето на учениците
Останати поминати проекти
Чекор по чекор, Модернизација на образованието, Еко-училиште, Забавен-училишен спорт и многу други
Се надевам дека и понатаму ке поминуваме доста успешни обуки и нови проекти!!!
|