Еколошката едукација на учениците продолжува. Овој пат учевме да рециклираме и тоа во соработка со родителите.
Се ближи Новата Година-најубавиот празник за сите нас. Организиравме заедничка работилница
на која главната цел е да со предмети кои инаку ке завршат во ѓубрето, да направиме и корисни но и убави новогодишни декорации и украси кои ке ни ја украсат и празнично разубават нашата училница.
Нашите родители заедно со нас дечињата, направивме вистинска уметност од непотребните предмети и отпадокот.
За да видите како и што изработивме, погледнете го видео записов од работилницата.
Ке се уверите и самите во нашата креативност и умешност, како и заеденичката тимска работа.
Ние рециклиравме
обидете се и вие!!
Да имаме почиста животна средина!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот