Во здраво тело - здрав дух !
Дел од нашите активности на часовите по ФЗО
Часовите по Физичко и здравствено образование ги содржат најомилените активности за учениците, а посебно за првачињата. Овие содржини изобилуваат со играта и движењето на учениците, а тие тоа посебно го сакаат. Со задоволство учествуваат во сите активности, посебно во игрите со натпреварувачки карактер, но исто така и во вежбите за правилен раст и развој. А за време на игрите секогаш се трудиме да ги почитуваме правилата за игра, како и фер-плеј играњето.
- Еве погледнете од видео записов како ние со задоволство уживаме во овие активности, вежбаме, играме и пред се се забавуваме и дружиме, а со тоа допринесуваме за нашето здравје и правилниот раст и развој!!!
Многу сакаме кога сме во спортската сала на училиштето. Таму сме вистински спортисти и уживаме во активностите поминати во салата.
А кога времето не ни дозволува да излеземе надвор, ние знаеме со убави игрички да се движиме и во нашата училница и да ни биде прекрасно.
Не заборавајте и вие да се грижите за вашето здравје преку активности и движења и секако прошетки во природа.
наставник Соња Даниловска
А за останатите наши активности погледнете на страниците од содржината на сајтот