Учиме за - годишните времиња
Во текот на учебната година ние ги набљудуваме промените во природата во нашиот училишен двор со менувањето на годишните времиња.
Она што го знаеме е дека во пролет се е зелено и расцветано , во есен лисјата на дрвјата се жолти и паѓаат од гранките , во зима има многу снег и многу студи , ама затоа во лето сонцето најсилно грее и многу е топличко .
Изработивме голем плакат на кој во четири прозорци преку цртежи и фотографии ги претставивме четирите годишни времиња, но претходно добро размисливме која сликичка во кој прозорец ке ја ставиме и која е причината за тоа. Работевме зеднички тимски и соработувавме меѓу себе.
На крајот заклучивме дека секое годишно
време е посебно со своите убавини .
Пролетта е убава бидејки тогаш знаеме дека поминала зимата, береме цвеќенца и се шетаме во природа и дишеме чист воздух од разеленетите дрвца, си играме со другарчињата.
Летото го сакаме бидејки тогаш не одиме на училиште, времето е топло одиме на пливање во базент или на езеро, трчкаме боси и јадеме сладолед .
Есента пак ни е убава поради сите оние есенски плодови што ни ги дарува, се подготвуваме за новата учебна година и за средбата со училишните другарчиња.
А зимата иако студена ни носи убави игри на снег, правиме снешко, се лизгаме, се маваме со снежни топки-а навечер уживаме со топло чајче покрај топлите печки.
Ете гледате сите годишни времиња
се убави на свој начин!!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот