Овде ке најдете информации за нашата соработка со вас родителите преку фотографии и записи од нашите заеднички дружења, активности, работилници и сл.
Учебна 2012/13 год-второ одделение
Учебна 2011/12 год - прво одделение
октомври 2011
Првата родителска средба за оваа учебна 2011/12 год
- Беше задоволство да се видат лицата на родителите
додека ги разгледуваа портфолијата на своите првачиња
што изработиле и научиле за овој краток период
- Избран родител за Советот на родители- Иле Јосифовски
Благодарност до родителите за присутноста и
се надевам на убава соработка наставик-родител!!
декември 2011
Од отпадокот до прекрасни украси
Работилница во соработка со родителите на тема
-да рециклираме-
Погледнете што се изработија вредните раце
на нашите родители-секако заедно со нас од
предмети што инаку ке завршеа во отпадокот
и ѓубрето, но тие изработија од нив вистински
новогодишни украси и декорации за
нашата училница. Најголема благодарност за
нашите вредни родители и се надеваме дека
вака ке се дружиме и понатаму!!!
За да го погледнете видео записот од целата
а, за да ја погледнете страната со извештајот за оваа работилница само кликнете на следниов линк
декември 2011
Родителска средба
И оваа средба беше едно убаво дружење
со родителите но овој пат присутни беа и учениците
со цел на своите родители од близу да им ги
пренесат нивните впечатоци и лични изработки
од своите портфолија.
Родителите уживаа додека ги прелистуваа наставните
листови и детските творби и изработки од часовите
А дечињата пак задоволно ги гледаа насмевките на
лицата на своите родители и гордо ги покажуваа
својот труд и успех.
Поминавме прекрасно дружење на кое ги покажавме
нашите постигнувања за овој период, а исто така
заеднички се радувавме на нашите успеси.
А ние на крајот ги поздравивме и расположивме
со една наша игра на нашата омилена песничка!!
Ова беше прекрасно дружење. Ве очекуваме пак
да ни дојдете а ние дотогаш ке имаме нови
изненадувања за вас и секако нови успеси
и постигнувања кои ке сакаме да ги споделиме
заедно со вас!!
април 2012
Изработките на велигденски јајца на нашите мајки, по повод велигденскиот хепенинг за празникот Велигден. Благодарност за сите родители, за нивната поддршка и секако за нивната соработка!!! Погледнете какви убави и креативни идеи изработени од рацете на вредните мајки!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот