Есенско овошје!
Сите знаеме дека овошјето е најслаткото задоволство за нашето здравје! Во есен ги има најубавите и најслатките плодови што можеме да ги посакаме. Тука се јаболките, крушите, дуњите, грозјето.
За жал во училишниот двор немаме јаболкница или круша па да си набереме , па затоа ајде да одиме на пазар и да видиме какво се овошје има во есен, а и ке си купиме слатки сочни јаболчиња.
На блискиот пазар видовме многу овошје, а и си купивме многу убави јаболчиња. Потоа во нашата училница прво убаво си ги измивме, а потоа се насладивме и уживавме во вкусот на јаболкото. Навистина беа многу вкусни!!!
Измиј си ги рачињата, пред секое јадење!
И овошјето измиј го пред секое сладење!
Ајде сега да си направиме убави цртежи со есенското овошје, да си ги избоиме и со нив да си ја украсиме нашата училница.
А сега неколку гатанки за овошјето. Ајде да погодуваме!!!
Она што е зелено- е зелено Сочна, зрела, жолта
но, она што зрее -менува боја ке ти заслади душа
станува црвено, жолто и дрвото и плодот
што е тоа, погоди ја се викаат
мислата моја!!! (круша)
(јаболко)
Колку разнобојно го има
црно, црвено, жолто, бело.
А, знаеш ли кое е најдобро?
Она што е зрело!
(грозје)
Јаболче и крувче, треба да се сака
само треба брзо да пружиш рака.
Јаболче и крувче треба да се јаде
кога тато, мама ке даде!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот
|