Примена на Microsoft алатките во наставата во прво одделение
После посетената обука за користење на Microsoft алатките во наставата, еве како ние учиме, стекнуваме знаења но и ги утврдуваме стекнатите знаења користејки ги овие алатки.
Ова е видео записот од активностите на овој интегриран наставен ден со наслов - Животните се живи-домашни или диви , преку користење на Microsoft алатките и тоа: пребарувачот Bing, AutoCollage, Flashcards i Songsmith
A ова се дел од активностите во текот на наставниот ден преку фотографии
Како воведна активност ја имавме играта -Погоди кое животно сум??- со која преку игра со имитирање на движењата и звуците на животните погодувавме за кое животно се работи, а потоа разговаравме за него. Беше многу интересно и забавно.
Користени Microsoft алатки при реализација на содржините на интегрираниот наставен ден Животните се живи-домашни или диви
-Интернет пребарувач Bing
Со помош на овој пребарувач пронајдовме слики од домашни и диви животни и ги опишувавме (изглед, место на живеење, исхрана и користа од животните)
Потоа со помош на Microsoft алатката AutoCollage од истите слики направивме албум од диви и албум од домашни животни. Истите албуми ке ги испринтаме и ке си ги ставиме во училницата. Еве погледнете ги албумите изработени во AutoCollage
Со користење на алатката Songsmith ја пеевме песничката Меца, а оваа алатка ни овозможува да го снимаме нашиот глас, а потоа да го преслушаме. Исто така оваа алатка Songsmith ни дава
можност да ја пееме песната во различни стилови и ритам на музика како и со различно темпо (бавно или брзо). Ние уживавме додека си пеевме, а потоа најсреќни бевме кога се слушавме. Пеевме групно но и во дуети.
Во шумичка деца има една меца, медец таа краде и слатко го јаде!!!
Низ горичка шета таа мечка клета, вчера јас ја сретнав-во бегање летнав!!
Алатката Flashcards ја искористивме така што го утврдивме нашето знаење за домашните и дивите животни преку погодување на гатанки. Оваа алатка овозможува да учиме, повторуваме и на крајот ни овозможува да дознаеме колку сме имале точни одговори. И знаете што??? Ние ги погодивме сите гатанки со сите точни одговори.
А ако сакате да ја погледнете и вие да ги погодувате нашите гатакни, само кликнете на линковите.