Пред вас се многу предизвици, успеси и разочарувања.
Пред вас е најважната обврска – вашата поддршка, вашата љубов
и вашата соработка кон за вас најскапоценото нешто – вашето прваче.
А за да успеете во предизвикот наречен "прво одделение”- ке ви треба
тајното оружје наречено "стрпливост” и секако дел од вашето време,
а за возврат ке ја добиете најголемата награда- среќно и весело прваче!
Но, затоа сме овде да го постигнеме тоа заедно, да не се плашиме
од предизвиците , туку со трпение и желба да му помогнеме на првачето
да го совлада непознатото и да го продолжи својот личен развој.
Ова е дел од начинот на соработка со вас родителите за оваа
учебна година во нашето одделение
1. Постојано информирање на родителите преку различни форми:
- Писменопреку огласна табла, имформативни листови, брошури, испраќање на пораки.
· Усно преку средби сандачиња за пораки, индивидуални разговори.
2. 2. Одржување на родителски средби:
· Работилници по повод празници.
· Работилници со теми за едукација на родители (самодоверба самоконтрола, јакнење на детската личност, идеи за игри во домот).
- Индивидуални средби
- Отворен ден за родителите
· Повикување на стручни соработници за одржување на отворени трибини наразлични теми.
3. Вклучување на родители како:
· Волонтери за изведување на активност во катче.
· Набљудување на активностите во училницата.
· Член на родителски совет.
· Родител стручен соработник, односно извор за добивање на нови имформации.
· Вклучување на родител во изработка на дидактички материјал.
Сакам да ви посакам среќна и успешна учебна 2011/2012 год, многу радост и разбирање за вашето дете.
Вашата наставничка Соња Даниловска