Под покровителство на ПЕП и Усаид низ училиштата низ републикава се одржаа обуки за наставниците учесници во овој проект насловен како снимање на добра училишна пракса, а целта на овие обуки беше наставниците да се запознаат со видеото како медиум за снимање и споделување на добрите училишни практики. Наставниците требаше да снимаат најмалку два часа на кои според утврдени критериуми ке покажат добри училишни практики и истите да ги споделат на страницата на SchoolVideo Mk - специјално направена за потребите на овој проект.
Ова се часовите со кои јас учествував во овој проект.
Добиениот сертификат за успешно снимање на добри училишни практики и примена на критериумите за добра пракса во наставата
Учество на ПЕП филмски фестивал
Од овој проект настана богатата колекција на снимени часови од страна на наставниците. Поради тоа ПЕП ја однесе оваа активност на повисоко ниво-го организира првиот филмски фестивал на кој наставниците добија можност да ги покажат своите видеа на пошироката јавност и публиката. Фестивалот се одржа на 06.јули 2011 год во Кинотеката во Скопје.
Од вкупно 147 пријавени видеа, за филмскиот фестивал на ПЕП беа одбрани и прикажани само 19, меѓу кои и моето видео Здрави заби за убава насмевка и беше прикажано пред публиката
Видеото со кое учествував на ПЕП филмскиот фестивал
Добиениот сертификат за прикажување на видеото
Самиот фестивал беше посебно доживување бидејки и ние наставниците имавме можност да зачекориме по црвениот тепих.
галерија на слики од фестивалот
Текст објавен на страната на ПЕП -
по одржувањето на фестивалот
Ние и понатаму продолжуваме да снимаме наши часови со добра учичишна практика секогаш кога имаме можност за тоа, а истите можете да ги видите овде на нашиот сајт.