
Завршивме второ одделение - 20.06.2013 - Четврток

Последниот ден од оваа учебна година како вторачиња. Успешно ја завршивме и оваа 2012/13 учебна година и ja остваривме нашата цел - ги совладавме сите букви и печатните и ракописните од нашата азбука и знаете што, - сега знаме сами и да пишуваме и да читаме и тоа многу успешно.
Научивме и да собираме и да одземаме без и со премин
Научивме и да собираме и да одземаме без и со премин до бројот
, но и многу други знаења поврзани со математичките операции собирање и одземање и со математиката воопшто.

, но и многу други знаења поврзани со математичките операции собирање и одземање и со математиката воопшто.Уживавме во цртањето, сликањето, моделирањето, во сите еко-активности (а ги имавме многу), во спортувањето,но и во пеењето и играњето како наши омилени активности.
Ги надоградивме нашите знаења од минатата година со нови и сега сме подготвени за долго очекуваниот летен распуст!!!



Се гледаме на 1 септември со нови сили за наредната учебна година кога ќе бидеме трето одделение. Со нетрпение чекаме да видиме што ново не очекува, а дотогаш ќе уживаме и ќе се радуваме на секој ден од летото и летниот распуст!!!

СРЕЌНО ЛЕТО !!!!
наставник Соња Даниловска
јуни 2013














