Денот на маските и шегата 1-ви април 2012
Први април е денот на маскенбалот, денот кога можеме да облечеме костум од ликот што го сакаме , денот кога можеме да го промениме за неколку часа својот идентитет и да бидеме кого ке посакаме. Можеме да станеме принцеза од бајките , или пак самовили со волшебно стапче . Ако посакаме можеме да бидеме лош пират , злобна кралица , или страшна вештерка . А овој ден можеме да бидеме и нашите најомилени ликови херои од филмовите како спајдермен и супермен или бетмен .
Еве какви маски си направивме ние во училница, иако сме малечки но сме вреднички. Си ги изработивме сами и затоа многу сме горди!!!
А ова е нашата априлијада, нашиот маскенбал и нашите маски. Обидете се да не препознаете!!! Ние уживавме во парадата на маски и посакавме почесто да има вакви денови. Убаво е и интересно!!!
А знаете што?? Први април е единствениот ден во годината кога лагата е дозволена, дури и кај возрасните. Но, тоа да биде некоја шега или некоја смешна лага што ќе го натера излажаниот и тој да се насмее и пошегува. И без лутење, зошто ...сепак таков е денот нели??? Само ке кажете АПРИЛИЛИИИ!!!!! Исто како во песнава...
Тивко, тивко, шега не е, црвен облак ѕвезди сее
дрвјата на корзо одат, слончиња за реце водат
Петел сам на глава стои, нешто смета на глас брои
по улица воз се движи, во него е лав што мижи
Низ простори еже шета, покрај него зајче лета
Мачиња на покрив седат, фурки зеле ветер предат
Кој верува, деца мили?
АПРИ-ЛИ-ЛИ-ЛИ!!!
наставник Соња Даниловска
за сите останати наши активности погледнете на страниците во менито со содржините на сајтот
|